Од утре ќе се руши детската болница во Козле
Започнува рушењето на бараките на Институтот за белодробни заболувања во Скопје.Новиот објект се очекува да биде готов до октомври. Поради тој процес, од утре амбулантскиот дел на болницата ќе биде преселен во Поликлиника ,,Букурешт”,а дневната во болницата ,,8 Септември”
За време на градежните работи во детската клиника Козле, децата со тешка здравствена состојба ќе бидат згрижувани во Клиниката за детски болести.
Овој објект требаше да биде завршен во септември 2014 година.