Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаИзгореа две бараки во Гази Баба

Изгореа две бараки во Гази Баба

Ноќеска изгореа две бараки во скопската населба Гази Баба на улица Зендел Џемаил. Полицијата извести дека нема повредени.

Пожарот пламнал околу 3.30 часот во бараката на Ѓ.В. која за брзо време целосно изгорела. Пламенот набрзо ја запалил и втората барака сопственост на Е.А., но по брзата реакција на пожарникарите, пожарот е локализиран.

Причината за пожарот засега е непозната.