Иванов ќе го закити МНТ со орден за заслуги за Македонија
Македонскиот народен театар како една од најистакнатите културни институции во Република Македонија ќе добие свечено признание од претседателот Ѓорге Иванов за својата децениска дејност и анганжман.
„На Македонскиот народен театар му се доделува орденот по повод 70 години од неговото основање, а особено за успешното презентирање, промовирање и негување на македонското и светското театарско творештво, со што даде исклучителен придонес за збогатувањето на македонската култура и за афирмацијата на Република Македонија во светот“, соопшти Кабинетот на Претседателот.
Досега со ова одличје се закитиле институции како Струшките вечери на поезијата, фолклорниот ансамл Танец, како и уметниците Тоше Проески, Есма Реџепова и многу други.