Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев реизбран за претседател на СДСМ – Граѓаните со пенкало срушија режим

Заев реизбран за претседател на СДСМ – Граѓаните со пенкало срушија режим

Зоран Заев е старо-новиот лидер на СДСМ. Вака одлучија седумстотината делегати на 22 Конгрес на партијата. На функцијата заменик претседател останува и Радмила Шекеринска која и до денеска ја извршуваше таа функција. Мали измени во составот има само во Надзорниот одбор на СДСМ.

Заев во завршното обраќање им се заблагодари на граѓаните кои на изборите гласале за СДСМ со ветување дека партијата и коалиционите партнери ќе се залагаат за подобрување на животниот стандард, демократијата и евроатлантски интеграции.

„Ќе обезбедиме општество на насмеани и среќни граѓани. Општество на можности за сите. Една унитарна држава, водејќи се од демократските вредности и принципи. До крајот на мандатот нашите граѓани и нашата држава ќе бидат европски, зашто заслужуваме“ – порача Заев.