Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЏафери ќе свика седница откако ќе ја добие програмата на новата Влада

Џафери ќе свика седница откако ќе ја добие програмата на новата Влада

Следната недела Македонија ќе има нова Влада. Во кабинетот ќе учествуваат претставници на СДСМ на Зоран Заев и партии од албанското малцинство, као дел од парламентарното мнозинство – изјавил за АФП претседателот на Собранието, Талат
Џафери.

„Очекувам за ден­два да ја добијам програмата на овој кабинет, и потоа да свикам седница на парламентот за следната недела“ – рече Џафери за АФП.

Џафери тврди дека новата Влада ќе мора да побара широка парламентарна поддршка за промени, за да го направи Албанскиот службен јазик – клучно барање на малцинските партии.

„Не е доволно само да имаш просто мнозинство“, вели Џафери, бидејќи уставните реформи бараат поддршка од 2/3 од пратениците“.

Агенцијата пишува дека Македонија доживеа, речиси две години, континуирана политичка криза, пред трансферот на власта кон долгогодишната опозиција, што сега изгледа претстои.