Потпишан договор за нова сообраќајница во индустриската зона во Прилеп
Денеска министерот за финансии Зоран Ставрески го посети Прилеп за потпишувањето на договор за грант меѓу Министерството за финансии и општината за изградба на сообраќајница во индустриската зона Прилеп 1.
Посетата помина во запознавање со начинот на кој општина Прилеп ги подобрува условите и поволностите за инвестиции и плановите за понатамошен развој на стопанството како и можностите за привлекување на странски и домашни инвестиции во индустриските зони. Од општина Прилеп информираат дека вкупната вредност на инвестицијата изнесува 8.456.749 денари.