Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТрагедија во Прилеп – Внук си ја уби бабата

Трагедија во Прилеп – Внук си ја уби бабата

30-годишниот М.М. од Прилеп синоќа околу 23 часот, се обидел со перница да ја задуши баба му, 79-годишната К.М., додека лежела во кревет. Кога таа успеала да се отргне од него, тој извадил метален боксирач и ја удрил со него неколку пати во пределот на главата, по што таа починала на лице место.

Еден час по убиството, напаѓачот се пријавил во полиција. Смрт е констатирана од страна на екипа од итна медицинска помош, а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС Прилеп. М.М. е задржан во полициска станица и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.