Monday, May 6, 2024
Home2020August (Page 11)

Со цел да им овозможи максимално сигурен и безбеден престој на своите гости во време на пандемијата на вирусот Covid-19, хотелот Изгрев СПА & АКВАПАРК кој се наоѓа на струшкото крајбрежје воведе посебни протоколи за работа со главен акцент на хигиенските мерки. Овие протоколи се

Read More

„Платформата Фешн Галакси (Fashion Galaxy) е спој на едукација, мода и естетика, во која идните млади модни дизајнери ќе се промовираат, етаблираните дизајнери ќе едуцираат а граѓаните уживаат во модата“ велат организаторите на настанот, кој се одржа во Скопје, на кој модниот дизајнер Папаз и

Read More

Енергијата е клучна точка во справувањето со климатската криза, особено видот на енергија што ја користиме за да ги напојуваме нашите домови и заедници. Зборуваме за премин од користење на валкани фосилни горива на користење чиста обновлива енергија, но дискусијата не треба да застане овде.

Read More

Овогодинешната прослава на најголемиот македонски празник- Илинден, помина во поскромна атмосфера, за разлика од традиционалните минатогодишни помасовни славења. Причина за тоа е Ковид-19 пандемијата, и преземените безбедносни мерки околу организацијата по повод оваа национална манифестација. Премиерот во заминување Оливер Спасовски упати пораки и честитки до

Read More

Веќе шест месеци најголемата светска пандемија, од вирусот Ковид-19 ги коси државите ширум светот. Во моментов, САД  и Бразил се најпогодените држави, и бројат над 50.000 дневно заразени случаи. Освен здравствените последици ( починати и заболени луѓе), оваа пандемија се чини  најмногу го загрози  и

Read More

Во  сенка на Ковид-19 пандемијата, Македонија го слави Илинден, празникот и идеалот на многу  генерации. Токму на овој датум  2 август се втемелени жртвите на многу паднати борци за слободата на Македонија, и врежани мемориските кодови на генерации и генерации Македонци. Во последните 30 години повеќепартиска  демократија, во периодот во кој го живееме идеалот и мечтата: сопствена и независна држава, политичките елити, секоја година од  Мечкин Камен во Крушево, или од Пелинце упатуваат пораки со кои потсетуваат на саможртвата и на храброста на илинденците и на партизаните во Втората светска војна, но упатуваат и пораки за просперитет, благостостојба  и  иднина која ветува?

Што се промени, од секој Илинден до наредниот, во овие 30 години? Се променија доста работи, но како што глаголеа политичарите за подобра и посветла иднина, во практика се случуваше обратен процес. Македонија постојано осиромашуваше, или пак стагнираше во својот развој, па така ако по почетната нулта точка во 1991 година, беше пред многу земји од балканското опкружување, па и од земји од Варшавскиот пакт, денеска по сите економски параметри и критериуми кои го мерат стандардот и квалитетот на живеење, населението во Македонија, т.е нејзините граѓани се едни од најсиромашните во Европа, со највисока стапка на невработеност, и најголем степен на корупција. Резултатот од сето тоа: петстотини илјади ( 500.000) иселени, кои веќе не се фаќаат на мамецот на лагите од политичарите, и трајно се отселија од земјава, трагајќи подобар живот и посветла иднина.

Илинденска Македонија постана и Северна, како резултат на притисокот од меѓународниот фактор, се со цел државата да стане полноправна членка на НАТО алијансата, и да ги отпочне преговорите со Европската Унија, како услов без кој не се можеше. Македонскиот народ својата државност ја заокружи во виорот на 2 С. војна, кога се создадоа услови заедно со останатите јужнословенски народи да конституира заедничка федеративна република, во која за прв пат ги доби правата на себеидентификување и јазично и национално самоопреелување. Пред тоа, заветот на партизаните, го чуваа Илинденците од  1903, кои не успеаја во намерата да создадат автономна/ независна република. Не случајно и АСНОМ ( Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија) е камен-втемелено токму на 2 август за да се даде континуитет на децениските напори, борби и саможртви на Македонците. Во пресрет на  117-ет годишнината од Илинденското востание, и 76-ст годишнината од првото заседание на АСНОМ, Македонија во својот пат кон иднината се соочува и со проблем на негација токму на самиот Илинден.

Дали се возможни нови Ковид-кластери, по завршувањето на споените празници овој празничен викенд? Во петокот, граѓаните од  исламска вероисповест го славеа големиот празник Курбан-Бајрам, додека во недела е најголемиот државен и национален празник Илинден, кој воедно се празнува и како верски. Во екот на најголемата

Read More

Координираните настапи на поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, кои бараат оставка и одговорност од лидерот Христијан Мицкоски за изборниот пораз, се чини ја отвори новата историска пресметка во таборот на оваа демохристијанска партија. Се чини, веќе се далечни времињата кога  делегати „ беа носени на

Read More

По завршувањето на  илинденските празници, лидерот на  СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев , најави интензивирање на преговорите за составување на идната македонска влада. Од друга страна и лидерот на опозициската  ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски најави дека неговата партија ќе преговара за формирање на идно парламентарно

Read More