Saturday, May 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШто порачаа политичарите на илинденските прослави – Обединувачки или партиски говори?

Што порачаа политичарите на илинденските прослави – Обединувачки или партиски говори?

Овогодинешната прослава на најголемиот македонски празник- Илинден, помина во поскромна атмосфера, за разлика од традиционалните минатогодишни помасовни славења. Причина за тоа е Ковид-19 пандемијата, и преземените безбедносни мерки околу организацијата по повод оваа национална манифестација. Премиерот во заминување Оливер Спасовски упати пораки и честитки до граѓаните од главниот град Скопје. Тој нагласи дека Денот на Републиката оваа година се слави под слоганот „ Победа за сите“. 

-Денес славиме празник за подобро утре на оваа и на сите идни генерации, за да ја градиме нашата вековна иднија. Должни сме да се спротиставиме на фашизмот, гласно и храбро. Гордо треба да го славиме македонскиот јазик, кој денес е впишан во личната карта на ООН, потенцираше техничкиот премиер Оливер Спасовски. 

Претседателот на државата Стево Пендаровски од Пелинце изјави дека сите македонски граѓани се обединети околу човековите права, слобода и демократија. Зборуваше и за пандемијата, која како што кажа се заканува целосно да го промени нашиот начин на  живот. Првиот човек на државата истакна дека мора да обезбедиме социјална правда и да ја поттикнеме економската активност во иднина. 

На местото на собранискиот спикер Талат Џафери, кој поради здравствени причини беше спречен да присуствува на чествувањето во Крушево, се обрати потпретседателот на Собранието Горан Мисовски. Говореше за актуелната пандемија од Ковид-19 и потенцираше дека од ова ќе излеземе со повеќе мудрост, искуство и со поголема солидарност помеѓу нас. Тој исто така им се заблагодари на здравствените работници за нивната пожртвуваност и истрајност.

Првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од струшкото село Ташмаруништа им го честиташе празникот на граѓаните и нагласи дека во Македонија мора да дојде правдата. Меѓу другото упати и партиска порака до „ оние кои се товар во ВМРО, душмански жестокот се обраќаат кон ВМРО. Целосно свесен за нивните постапки во минатото, и целосно свесен дека овие жестоко појаничарени јуришници на власта, беа и товар на партијата, сакам јасно и недвосмислено да истакнам дека јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ му се извинувам на народот, за сите грешки и неправди кои овие ги имаат направено. Тие во ВМРО гледаат личен интерес, а јас во ВМРО гледам кауза“, недвосмислено и жестоко им се обрати на доскорешните сопартијци лидерот Христијан Мицкоски.