Saturday, Mar 25, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаЗемени нови примероци за анализа на водата на Дојранско езеро

Земени нови примероци за анализа на водата на Дојранско езеро

Dojran

Општина Дојран ќе ги почитува насоките на Државниот здравствен и санитарен инпекторат и на четирите плажи во Дојран кои беа посочени дека имаат бaктериолошки неисправна вода нема да го дозволи капењето се до покажување на исправни дополнителни анализи кои почнуваат да се прават уште од денеска, соопштија за МИА надлежните од општината.

Нагласуваат дека грижата за здрава животна средина и подобрувањето на квалитетот на водата на Дојранското езеро ќе биде нивен најголем приоритет.

Иако на некој начин ова претставува сериозна закана за туристичката сезона, надлежните од општината велат дека здравјето на граѓаните е на прво место, така што денес повторно земени се нови примероци од водата за дополнителни испитувања и се надеваат дека во најскоро време ќе излезат со позитивни информации во врска со состојбата на водата во Дојранското езеро.

– Неодамна започнавме изработка на сеопфатна студија за ревалоризација на езерото заедно со Министертвото за животна средина и Регионалниот еколошки центар која во иднина ќе покаже што треба да се преземе за заштита на езерото и подобрување на квалитетот на водата. Исто така во текот на април со Аристотелис универзитетот од Солун, Република Грција, аплициравме за меѓугранична соработка со проект кој опфаќа повеќе активности како што пред се е ставањето во функција на каналот за регулација на нивото на езерото, физичко чистење на крајбрежјето и мониторинг центар така што во рамки на своите можности ги превземаме сите неопходни мерки за отстранување на новонастанатата ситуација, посочуваат надлежните од општина Дојран.

Екипи на „Комуналец-Полин“ и општинскиот инспекторат ќе направат скенирање на состојбата со колекторскиот систем како и можните диви приклучоци долж неколкуте помали реки и потоци кои се влеваат во езерото како можни причинители на бактериолошката неисправност на водата.