Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузејЗапочнува 52та Меѓународна ликовна колонија во Струмица

Започнува 52та Меѓународна ликовна колонија во Струмица

Започнува најстарата ликовна манифестација во Македонија.  Овогодинешното 52 издание на Меѓународната ликовна колонија во Струмица ќе започне со ретроспективната изложба ,,Ликовна резонанца” на академскиот сликар Марјан Пецев-Захов и со претставување на годинашните учесници,

14 уметници од Русија, Турција, Бугарија, Полска, Црна Гора и од Македонија ќе творат во Струмица следниве 15 дена

Покрај творечкиот дел, во рамките на ликовната колонија учесниците ќе се запознаат и со културно-историските споменици и природните реткости во Струмичко.

Изложбата на делата од годинашната Меѓународна ликовна колонија традиционално ќе се одржи на 11 Септември – Денот на ослободувањето на Струмица.

Почетокот е закажан за вечерва во изложбениот салон во Центарот за култура „Антон Панов“