Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиЗапочнува 104 изадние на Тур де Франс!

Започнува 104 изадние на Тур де Франс!

Тур де Франс е најпрестижната трка со велосипеди во светот. Која за прв пат беше одржана во далечната 1903 година, така што има традиција од 114 години. Овогодинешниот Тур де Франс е 104-та по ред. Трката започнува на 1 јули, во германскиот град Дизелдорф, традиционално ќе заврши на Елисејските полиња во Париз на 23 јули.

Велосипедистите ќе се натпреваруваат првенствено за жолтата маичка, која е посветена за најдобриот во генералниот пласман, но исто така и за зелената наменета за најдобриот велосипедист во генералниот пласпан по поени и бела наменета за најдобриот млад возач до 25 години.

Прв фаворит за освојување е секако, Крис Фрум. Британецот од редовите на Скај и во претходните години, покажа дека е многу подобар од конкуренцијата како на хронометарот така и по ридовите. Најголемата конкуренција ќе му биде легендарниот Алберто Контадор, кој вози за Трек-Сагафредо и поранешен тимски колега сега возачот на БМЦ Ричи Порто.

Во битката за зелената маичка Петер Саган е фаворит, а најголема конкуренција ќе му бидат Кител и Кевендиш. Во борбата за белата фаворите се, Луис Ментјес и Адам Јеитс.