Friday, Apr 26, 2024
HomeUncategorizedИнциденти на Тур Де Франс, пукотници на плоштадот Конкорд

Инциденти на Тур Де Франс, пукотници на плоштадот Конкорд

Полицијата во Франција, утрово околу 8 часот отворила оган кон автомобил што се обидел да ги сруши барикадите поставени за завршната фаза на Тур де Франс во Париз.

Автомобилот, рено твинго, успеал да избега, а возачот и совозачот во него поминале неповредени откако полицијата припукала во нив на плоштадот Конкорд.

Стотици илјади луѓе се собираат на плоштадот Конкорд и Елисејските полиња за финалниот натпревар на Тур де Франс. Трката треба да почне попладнево.

Официјален претставник на полицијата изјави дека полицајците го довршувале поставувањето на барикадите за трката кога автомобилот се обидел да ги сруши.