Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиТур де Франс 2015: На велосипедистот Иван Басо му е дијагностициран рак

Тур де Франс 2015: На велосипедистот Иван Басо му е дијагностициран рак

Двократниот шампион на Џиро д Италија, Иван Басо, ја напушти престижната велосипедска трка откако му беше дијагностициран рак на тестисите. Веста ја соопшти самиот велосипедист на пресконференцијата на неговиот тим Тинков – Саксо.

На уролошкиот преглед кој го направил Басо се покажало дека има тумор на левиот тестис, по што итно заминал на операција. Тимскиот лекар оцени дека шансите за повторно враќање на велосипедистот по операцијата се 98 проценти.

Италијанецот два пати се закити со титулата на Џиро во 2006 и 2010 година, а исто толку пати се искачи на врвот и на Тур де Франс и тоа во 2004 и 2005 година.