Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗапочнаа протести за ослободување на Талевски

Започнаа протести за ослободување на Талевски

Во скопје пред комплексот на судови започна собирот на граѓани, за како што велат тие да ја изразат својата поддршка кон градоначалникот Талевски. Преку своето присуство и овој протест сакаат да му покажат на судот дека Талески не е виновен и не смее да оди во куќен притвор. Сметаат дека СЈО и опозицијата прават жесток притисок врз судиите за да одлучат Талески и негови соработници но и луѓе од власта да завршат во македонските затвори.

2

Денеска се собираат бидејќи во Апелациониот суд се очекува да заседава кривичен совет и да одлучи дали Талески ќе остане во куќен притвор односно да ја потврди одлуката на Кривичниот суд. Првично нему му беше одземен пасошот но судот сепак одлучи да му одреди притвор. Деновиве имаше интересна ситуација кога Кривичниот суд потврди дека по факс пуштиле известување до битолската полиција да го приведе Талевски а пак од таму упорно тврдеа дека таква наредба не добиле.

3
Вчера, порталот А1он објави порака од мобилен телефон упатена до битолски работници во која им велат да откажат се што е планирано зошто ќе се оди за Скопје да се протестира за Талески.