Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев за одложувањето на Пуч: Ветивме правда но, сведокот Груевски го нема

Заев за одложувањето на Пуч: Ветивме правда но, сведокот Груевски го нема

Денеска повторно се одложи судењето за предмето „Пуч“ бидејќи не се појави главниот сведок екс премиерот Никола Груевски кој треба да се соочи со Зоран Заев. Од судот официјално наведуваат дека рочиште е одложено поради отсуството на еден од поротниците со што не можел да се комплетира Судскиот совет. На судењето освен обвинетите, беше присутна и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Сепак, Зоран Заев посочи дека вистинската причина е што не е испратена покана до Никола Груевски кој го покрена целиот предмет обвинувајќи го лидерот на опозицијата за уцена, насилство и закана врз високи државни функционери на републиката и за обид за насилно преземање на власта.

– Како што реков, еве сме овде пред Судот заради тоа што ветивме дека ќе се бориме за правда. Веднаш штом се создадоа условите да можат да се оддржат рочиштата ние сме овде барајќи правда. Во Македонија право и правда мора да има! Тоа мора да биде конечна цел на сите нас граѓаните коишто живееме во Р.Македонија. После 11-ти декември правната држава ќе се врати во Р.Македонија, изјави Заев по одложувањето на рочиштето.