Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев: Пораката од ЕУ е јасна како бел ден, Парламентот без изговори да продолжи да работи

Заев: Пораката од ЕУ е јасна како бел ден, Парламентот без изговори да продолжи да работи

Пораката на еврокомесарите и европратениците се јасни како бел ден. Секој ден e изгубен, изгубен за Македонија и за македонските граѓани. Ние остануваме со целото внимание насочени кон демократските процеси во земјава. Очекувам од новиот претседател на Собранието да го извести претседателот на државата за новото парламентарно мнозинство, кој во следните 10 дена ќе може да го даде мандатот. Јас се надевам дека ќе има сенс од сите политички партии, затоа што сите ние постоиме поради иднината на Македонија. Веруваме дека никој нема намера да го блокира Собранието, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан.

– Не дриблаат со изговори за некакви приватни обврски за да се одложи координинацијата на Собранието, потоа бараат потписи од мнозинството за да се свика седницата, потоа побараа и шест места во Комисијата за именување, а сега бараат и претседател на Комисијата? Легитимно е тоа дека Собранието на пленарна седница бира членови и претседател на таа комисија. Нека ги каже јавно ВМРО-ДПМНЕ своите аргументи ние ќе ги кажеме нашите и ќе гласаме кој е во право. Нема да дозволиме некој да се крие зад одговорноста и да и штети на Македонија – рече Заев.

Тој нагласи дека граѓаните го губат трпението и очекуваат дебата, а процесите мора да се забрзаат.

– Јас очекувам до крајот на ова недела Собранието да одржи конститутивна седница. Сето друго ќе значи банализирање и барање изговори од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е едноставна работа, да продолжи седницата каде што прекина на двете точки. Убеден сум и верувам дека до крајот на неделата Парламентот ќе продолжи со работа – рече Заев.

После средбата со Заев, еврокомесарот ќе има средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Еврокомесарот Хан претходно имаше средби со лидерите на ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците.