Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев не се појави на суд, следниот пат ќе биде спроведен

Заев не се појави на суд, следниот пат ќе биде спроведен

Зоран Заев повторно не се појави на закажаното рочиште на кое треба да даде исказ за случајот „Пуч“ со изговор дека имал договорена средба надвор од државата, па затоа и судијката која го води случајот навести дека за следното судење претседателот на опозицијата може да биде и присилно спроведен во судница согласно со законот.

Тоа значи дека времето кое Заев се обидуваше да го купи до назначувањето на специјалната обвинителка која треба да спроведе истражна постапка за случаите на прислушување полека истекува и ќе мора да прифати да се води редовната судска постапка против него и уште четворица обвинети.