Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев ќе се активира во преговорите за конечен договор

Заев ќе се активира во преговорите за конечен договор

Денес истекува рокот кој со политичкиот договор за надминување на кризата е поставен за решавање на изборните реформи, но по неколкудневното одложување на преговорите се доведува во прашање заедничката одлука на власта и опозицијата кои меѓусебно се обвинуваат дека ги рушат преговорите. Затоа се активираше и Зоран Заев кој ќе учествува директно во преговорите за изнаоѓање на решение за изборниот модел со кој во април ќе се оди на гласање за пратеници и ќе се воспостави како пракса.

zaev

„Единствено што се договоривме е дека дијаспората треба и мора да гласа. Дијаспората е составен дел од нашите животи, но да дадеме вака 3:0 Груевски да добива заради амбасадори, конзули, институции на системот и апсолутно уставната еднаквост на гласот да биде ставена во прашање согласно сите укажувања на ОБСЕ и ОДИХР, според извештаите, а и ние сме тука како кориектив на власта и тоа не смееме да го дозволиме заради тоа што уставно е тоа така. Понудивме дури и министерство за дијаспората, кое ќе биде од помош на дијаспората. Доколку се оствари правото на дијаспората да гласа, тогаш цензусот мора да остане или нивните гласови да се испратат во матичното живеалиште на граѓанинот“ – посочи Заев за горливот прашање за дијаспората.

ВМРО-ДПМНЕ уште претходно наметна голем камен на сопнување, а тоа се 20 пратеници за дијаспората што делува нереално и како силна тактика за дефокусирање на преговорите и принудување на опозицијата да попушти за другите барања, како прочистувањето на гласачкиот список, изборниот модел и одлучувањето по жалбите за изборните нерегуларности.