Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев и Жерновски во битка за кејот – ВМРО ги обвини за популизам

Заев и Жерновски во битка за кејот – ВМРО ги обвини за популизам

Зоран Заев и Андреј Жерновски со заеднички настап решија да водат битка за како што велат сочувување на кејот на Скопје со спречување на пуштање на прометна улица која ќе води низ пешачката зона, а досега беше резервирана како сервисна улица за градежните активности.

zaev i zernovski 2

„Денеска на седница на Советот на општина Центар, ќе донесеме забрана за градба на овој потег, кој ја опфаќа и улицата на Кејот, но одлуката ќе ја опфати и изградбата на Шпанските скали, а не само на оваа небулозна улица. Нема да дозволиме и изградба на Шпански скали. Ја повикуваме власта да се откаже од изградбата на вакви градби, во спротивно ќе изгласаме забрана на истите. Упатуваме покана и до стручната јавност да се вклучи во ова, ги повикуваме и граѓаните и невладините организации, бидејќи ова е битка за интересот на граѓаните“, вели Жерновски.

kej

Заев како лидер на опозицијата потсети дека централното градско подрачје станува се понатрупано, а на таа сметка се сечат дрва стари со децении, се уништува зеленилото и квалитетот на живеење на граѓаните.
„За проектот „Скопје 2014“ нема анкета и граѓаните не се прашани за инвестицијата од 600 милиони евра. Сообраќајниот метеж, со ова, бидејќи нема инфраструктурна поставеност, дополнително се компликува. Ние од СДСМ, градоначалникот Жерновски и опозициските советници градиме партнерство со граѓаните“, рече Заев.

Лидерите на опозицијата посочија дека ова не е политичка одлука и контрирање, туку обид да им се помогне на граѓаните, па го повикаа и градоначалникот Коце Трајановски да им се придружи во заштита на кејот „13 ноември“ како туристичка пешачка зона.

ulica kej 13 noemvri

Инаку во реакцијата на град Скопје стои дека не станува збор за прометна улица, туку за пристапна на која ќе има посебен сообраќаен режим наменет само за службените возила на Телеком, трговските субјекти, како и за движење на итните возила. Улицата нема да биде асфалтирана, туку ќе биде од плочки, ќе ја прави приватен инвеститор и е впишана во ДУП на општина Центар.