Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗа заедничка Македонија најави „топол“ пречек за Хан

За заедничка Македонија најави „топол“ пречек за Хан

Членовите на иницијативата „За заедничка Македонија“ негодуваат што досега претставници на Европската Унија не ги удостојуваат со средба на кои би ги слушнале нивните барања. Затоа повикаа на масовен протест со 200.000 луѓе, во вторник, во Скопје, во пресрет на доаѓањето на еврокомесарот Јоханес Хан и тројцата европратеници Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едвард Кукан, кои ќе се обидат да го убедат претседателот Ѓорѓе Иванов да го даде мандатот за состав на влада на актуелното парламентарно мнозинство.

Од иницијативата бараат и средба со Хан за тој да ги слушне нивните барања.

„За Хан и неговите слични пријатели, да излеземе 200.000 на улица во понеделник и вторник, за да нѐ видат. Да нѐ видат убаво и да го запомнат денот кога дошле во Македонија. Да запомнат дека граѓаните излегле во црвено-жолта формација бидејќи тие бои ги сакаат и ќе ги бранат. Линијата која нема никој да ја помине, сите ќе ја видат. Без оглед колку се, кои се и од каде се. Ниту еден странски пратеник не може да ја сака Македонија, да и ги знае реалните проблеми и стравови, како и да ѝ мисли добро, како што тоа природно го можат жителите на Македонија, оние со генерации на коски закопани во оваа земја. Доаѓаат 4 луѓе од западна Европа? Добродошле. Време е да не видат 200.000 на улица, 50.000 пати повеќе од нив четворица бирократи. За почеток. Да им посакаме топло добредојде и да им кажеме кој е овде домаќин, а кој е гостин“, се наведува во соопштението на иницијативата објавено на нивната страница на Фејсбук.