Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗа европските земји кои не се солидарни со мигрантите – нема пари!

За европските земји кои не се солидарни со мигрантите – нема пари!

Во најновото интервју за весникот „Билд“,  германскиот министер за економија Зигмар Габриел им најави на европските земји кои не ја делат солидарноста како европска вредност да не очекуваат европски пари.


„Додека мојата земја отвора училишта, и домови за бегалските семејства, други земји поставуваат бодликава жица на своите граници и ги затвораат граничните премини. Европа е заедница на вредности базирана на човечко разбирање и солидарност и тие што не го делат нашите вредности не можат да сметаат на нашите пари за некое време“, изјави Габриел кој смета дека доколку оваа практика не запре Европа ќе биде во поголема криза од онаа што ја предизвика финансиската и грчката криза.


Острите критки се најмногу упатени поради однесувањето на Унгарија која ја затвори границата со сите свои соседи и која користи значителни фондови од заедничкиот буџет на ЕУ но и на Хрватска која по само еден ден криза на својата граница најави дека веќе нема капацитет да прими бегалци.