Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГабриел им порача на ВМРО-ДПМНЕ да не ја блокираат новата Влада

Габриел им порача на ВМРО-ДПМНЕ да не ја блокираат новата Влада

Македонската влада направи импресивен почеток со поставувањето на своите приоритети на прашањата со соседите, на амбициозните реформски проекти и на позитивните чекори, истакнал министерот за надворешни работи на Германја, Зигмар Габриел, на денешната средба со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, во Берлин, се наведува во соопштението на германското МНР.

Габриел нагласил дека тоа што е важно е што најавените реформи се спроведуваат и дека реформските процеси во Македонија повторно добиваат интензитет, како и дека само на тој начин Македонија ќе може да напредува на својот пат кон евроатлантска интеграција.

– Исто така, сакам да испратам апел до актуелната опозиција да не го блокира овој добар початок на новата влада и да не одбива конструктивно да соработува со неа, бидејќи сето ова нема да биде на сметка само на европската перспектива на земјата, туку и на граѓаните во земјата, кои се надеваат на видлив напредок и на подобрување во нивните животи – рекол Габриел.

Тој посочил дека Германија ја поддржува евроатланстаката перспектива на Македонија, но дека реформите мора да се спроведат бидејќи нема да има отстапки за време на процесот на пристапување кон ЕУ и кон НАТО.

– Германија ја поддржува евроатлантската перспектива Македонија – како и на другите земји од Западен Балкан. Ова го правиме политички, но исто така и практично, со совети и со акција. Пролетта, почнав иницијатива за нов поттик во рамките на Берлинскиот процес, кој постои од 2014 година. Задоволен сум што на самитот на Западен Балкан во јули во Трст, првите предлози можеа да бидат одобрени. Заедно со нашите партнери во Европската Унија работиме на интензивирање на нашата поддршка. Во исто време, сепак, нема да има отстапки за време на процесот на пристапување. Реформите треба да се спроведат – порачал Габриел.

Тој, како што се наведува во соопштението, на Димитров и на премиерот Заев им ги честитал првите 100 дена од формирањето на Владата.