Friday, Mar 29, 2024
HomeUncategorizedДимитров на средба со Габриел во Берлин

Димитров на средба со Габриел во Берлин

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Берлин, на покана на шефот на германската дипломатија, Зигмар Габриел.

На средбата, како што соопштија од македонското МНР, се очекува да бидат разменети мислења за понатамошно интензивирање на политичкиот дијалог, како и да биде пренесено очекувањето за засилена поддршка и за помош од Германија во исполнувањето на клучните реформски приоритети.

За време на посетата на Берлин, Димитров ќе се сретне и со советникот за надворешна и за безбедносна политика на канцеларката Ангела Меркел, Кристоф Хојзген, како и со високи претставници на двете најголеми германски фондации „Конрад Аденауер“ и „Фридрих Еберт“.