HomeГИГА БАЈТПЦWindows 10 – Ако ве разочара 30 дена за да го смените

Windows 10 – Ако ве разочара 30 дена за да го смените

Windows 10 може да функционира и со хардвер што покренува Windows 7 и Windows 8.1. Но, ако наидете на проблеми, Microsoft има решение лесно да ја повратите претходната верзија на Windows во рок од 30 дена од инсталирањето на Windows 10.

WIndows-8-tablet-laptop-pc

Ако го надградите вашиот Windows 7 или Windows 8.1 оперативен систем, Microsoft ќе ги зачува вашите датотеки во фолдер што се нарекува Windows.old. Фајловите овде имаат рок на траење од еден месец, а потоа Windows 10 ќе го избрише автоматски овој фолдер со цел да ослободи простор на хард дискот. За повраќање на претходната верзија на Windows, се што е потребно да направите е да ја отворите Windows 10 Settings апликацијата, да ја одберете опцијата Update & Security, потоа Recovery tab.

windows 10 all

 

Овде би требало да ви се прикаже опцијата “Go back to Windows 8.1” или “Go Back to Windows 7”. Ако го задржите Windows 10 подолго од 30 дена, ќе можете да ги искористите алатките за Recovery. Но, наместо враќање на претходната верзија на Windows, алатките ќе ви помогнат да ја вратите поранешната верзија на Windows 10.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com