Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЈана освојува симпатии и на пробите на Евровизија

Јана освојува симпатии и на пробите на Евровизија

Јана освојува симпатии кај евровизиските фанови. Македонската претставничка на изборот на песна на Евровизија денеска ја одржа нејзината втора проба на Евровизиската сцена во Киев.

Јана Бурческа е подготвена за нејзиниот настап на втората полу-финална вечер, која што ќе се одржи на 11. мај.

Нашата претставничка ќе настапува трета, а судејќи по објавеното видео од денешната проба таа е сериозен кандидат за евровизиското финале.