Monday, Apr 24, 2017
HomeДЕНЕШНАЕкономијаВредноста на британската фунта се намалува

Вредноста на британската фунта се намалува

funti

Вредноста на британската фунта продолжи да се намалува, по зголемената неизвесност за тоа дали Велика Британија ќе остане во ЕУ.
Падот на британската национална валута го предизвикува не само неизвесниот исход на референдумот, закажан за 23 јуни, туку и тоа што на страната на оние кои агитираат за Брексит, од вчера се најде и градоначалникот на Лондон Борис Џонсон.

Овој конзервативен политичар кој од мај 2015 година, стана и пратеник, важеше за сојузник на премиерот Дејвид Камерон, но вчера тој соопшти дека ќе води камапања против останувазњето во ЕУ и против заложбите на Камерон и на најголемиот број од министрите и членовите во владата, дека членството во Унијата е од стратешки и безбедносен интерес на земјата.

Изјаснувањето на Џонсон, кој се гледа како најсилен претендент за наследникн на Камерон на лидерската функција кај ториевците, за берзанските експерти е знак за можен раскол во владејачката Конзервативна партија, што ги плаши домашните, а пред се, странските инвеститори и предизвикува „тресење„ на фунтата.

„По определувањето на датумот за референдумот, инвеститорите станаа прилично нервозни од можноста Британија да се најде надвор од ЕУ“, изјави за „Дејли мирор“ неидентификуван експерт на берзата во Лондон.

Само од петокот, по Самитот во Брисел и постигнатиот договор на Лондон и ЕУ за условите за останување на Британија во Унијата, вредноста на фунтата е намалена за 1,4 отсто во однос на американскиот долар, но и кон сите други светски валути. Овој експерт оценува дека фунтата ќе продолжи да паѓа, во наредните четири месеци, се до пред крајот на јуни. Од средината на ноември 2015 година, па до денеска вредноста на фунатата во однос на еврото е намалена за 11 отсто.