Friday, Apr 19, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонОгромниот интерес за Galaxy S8 ја дигна вредноста на Samsung

Огромниот интерес за Galaxy S8 ја дигна вредноста на Samsung

Најголемиот производител на смартфони, јужнокорејскиот Samsung ја зголеми пазарната вредност за над 1 милијарда долари. Тоа е последица од позитивната реакција на инвеститорите за пуштање во продажба на новиот Galaxy S8.

„Реакцијата на пазарот за серијата S8 е позитивна“, изјавил Ли Сунг од компанијата IBK Investment securities, кој додава дека Samsung би можел да пробие рекорд од 48,5 милиони продадени примероци, колку што продал од серијата S7.

Акциите на Samsung пораснаа за 1,2%, со што вкупната пазарна капитализација на компанијата е зголемена значително.

Извор: telefoni.mk