Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВозачот кој влета во вчерашниот протест, тврди дека носел болно дете

Возачот кој влета во вчерашниот протест, тврди дека носел болно дете

Вчера на протестите дојде до мал инцидент откако возач се обиде да се пробие преку насобраната маса која го исвиркуваше, а дел од демонстрантите се пожалија дека намерно сакал да ги удри. Денес излегува нова приказна, односно возачот за провладините медиуми изјавува дека тој бил нападнат и дека возел брзо за да го однесе болното дете со сопругата на преглед.

– Не сум ниту некој од ГДОМ, ниту пак уфрлен провокатор, туку само родител кој што брзаше на закажаниот преглед за моето дете. Се работи за преглед од доктор специјалист за детска кардиологија кој што доаѓа од Лондон, и морав да бидам на клиника точно во 18.30, вели родителот.

Без оглед дали неговата приказна е вистинска можел да одбере алтернативна рута или пак да излезе порано за да стигне до болницата бидејќи протести секој ден се одржуваат со почеток од 18 часот и се воведува посебен режим на сообраќај регулиран од страна на полицијата.

Прашање е и како успеал со возилото да пројде преку сообраќајните контроли кои вообичаено го блокираат пристапот до улиците каде се движат демонстрантите, токму за да не дојде до вакви инциденти.