Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВо Западен Мосул е погоден штаб на Исламска држава – убиени шестмина команданти

Во Западен Мосул е погоден штаб на Исламска држава – убиени шестмина команданти

Во западниот дел на ирачкиот град Мосул се убиени шестмина високи команданти на ИД. Авиони на меѓународната коалиција на чело со САД го извеле нападот врз штабот на локалните команданти.

Информацијата ја соопшти ирачкото воено министерство, кое се повикува на податоци на военото разузнавање. Меѓу ликвидираните е и рускиот државјанин Абдел Карим ар-Руси (командант на групата бригадата “Тарек бин Зијад”), двајца Мароканци, француски државјанин, Алжирец со британско државјанство и еден Турчин.

Во акцијата за ослободување на Мосул од терористите на ИД, авијацијата на САД продолжува да врши координирани напади заедно со ирачката владина армија. Сега ирачките единици се придвижуваат кон џамијата “Ан-Нури”, каде во јули 2014 година лидерот на ИД Абу Бакр ал-Багдади прогласи создавање на “калифат” на окупираните територии од Ирак и Сирија.