Friday, Apr 26, 2024
HomeUncategorizedВо Собранието денеска извештајот на ЕК и финансискиот план на МРТ

Во Собранието денеска извештајот на ЕК и финансискиот план на МРТ

Во Собранието на Република Македонија за денеска се планирани две продолженија на седница, а на едното од нив треба да се разгледува Извештај на Европската комисија за Република Македонија за 2016 година.

На дневниот ред се и предлог-закон за изменување на Законот за aудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во прво читање, но и годишниот извештај за работата на „Македонска радио-телевизија“ за 2016 година и предлог-одлука за одобрување на финансискиот план на „Македонската радио-телевизија“ за 2017 година.