Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВо прекин железничкиот сообраќај со Грција – железничарите штрајкуваат

Во прекин железничкиот сообраќај со Грција – железничарите штрајкуваат

Грчките железничари од денеска се во штрајк, а патничкиот сообраќај кон јужниот сосед е во прекин. Според информациите од Македонски железници, патничките возови кон Грција не сообраќаат од утрово, додека, пак, без проблеми се одвива товарниот превоз. Од Железничката станица во Гевгелија информираат дека патничкиот сообраќај се одвива до граничниот премин „Идомени“ на грчка страна, од каде што патниците од возовите до крајните дестинации се превезуваат со автобуси.