Sunday, Apr 28, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаВо Њујорк одржан концерт во чест на Дејвид Боуви

Во Њујорк одржан концерт во чест на Дејвид Боуви

У Карнеги холу одржан концерт Боувију у част

Во њујоршкиот Карнеги хол, беше одржан хуманитарен концерт во чест на починатиот уметник Дејвид Боуви, кој собра многу негови колеги и обожаватели од целиот свет. Во една од најпознатите концертни сали во светот, на концертот кој се одржа во четвртокот беа изведени најголемите хитови на Боуви, а помеѓу изведувачите се најдоа и Деби Хари и поранешниот фронтмен на „R.E.M“ Мајкл Стајп. Концертот во чест на Боуви кој почина од рак јануари годинава, траеше два часа.

Мајкл Стајп

Синди Лопер го пееше хитот „Suffragette Citi“, а Вејн Којн ја изведе нумерата „Life on Mars?“. Останатите хитови на Дејвид Боуви, како што се „Rebel Rebel“ и „Let’s Dance“, ги пееше публиката предводена од детски хор.

Синди Лопер и Деби Хари

„Господи благослови го Дејвид Боуви“, изјави пејачот Џејкоб Дилан после изведувањето на добро познатиот хит „Heroes“. Парите добиени од продадените карти за овој концерт ќе бидат наменети за музичко образување на сиромашните деца.

Еуген Хац из групе „Гогољ бордело“