Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаХуманитарен концерт за 13 годишниот Гоце Марковски

Хуманитарен концерт за 13 годишниот Гоце Марковски

Вечерва со почеток во 20 часот во Јавна соба ќе се одржи хуманитарниот концерт, наменет за лекување на 13-годишниот Гоце Марковски, кој својата борба против болеста ја води уште од изминатата година, кога беше опериран од тумор на мозокот.

Поради потребата за собирање на средства за понатамошно лекување на 27 мај со почеток во 20 часот ќе се одржи хуманитарен концерт со ѕвездите од мјузиклот “Тајно моја” и студенти на факултетот за Музичка уметност – Скопје.

Гоце Марковски е многу талентирано дете, првак на Македонија во пливање пеперутка стил, исто така свири на пијано, и на негови 13 години течно зборува неколку јазици.