Sunday, May 5, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВо Бразил уапсен Босанец обвинет за воени злосторства

Во Бразил уапсен Босанец обвинет за воени злосторства

Бразилските власти вчера го уапсија 47-годишниот Никола Чераниќ кого властите во БиХ го гонат од 1992 година за извршени воени злосторства за време на војната во поранешна Југославија.

Канцеларијата на бразилскиот федерален обвинител соопшти дека полицијата го уапсила Ќераниќ во градот Индајатуба, на околу 45 км. северозападно од Сао Паоло.

Ниту Интерпол ниту бразилските власти немаат повеќе детали за злосторствата за кои е обвинет Ќераниќ ниту е јасно колку долго тој престојувач во Бразил.

Според бразилски закони, Врховниот суд одлучува за сите барања за екстрадиција, а неизвесно е кога одлуката ќе биде донесена.