Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов во Бразил: Името Македонија потекнува од Индија

Иванов во Бразил: Името Македонија потекнува од Индија

Зборот Македонија потекнува од Индија. Била наречена „Маа Ки Дунија“ (Maa Ki Duniya), а потоа Римјаните ја нарекле Македонија.

Ова претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов му го соопштил на индискиот амбасадор во Бразил, Аби Кумар за време на отворањето на Македонската амбасада во Бразилија.

„Имав можност да го запознаам доктор Ѓорге Иванов, претседател на Македонија на церемонијата за отворањето на Македонската амбасада во Бразилија. Ми кажа интересна работа „Зборот Македонија доаѓа од Индија. Била наречена ‘Маа ки Дунија’, по што Римјаните започнале да ја викаат Македонија“, напиша Кумар на „Твитер“.