Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ го исвирка Вељаноски откако ги повика да се откажат од расправа

ВМРО-ДПМНЕ го исвирка Вељаноски откако ги повика да се откажат од расправа

Пратеникот од НСДП, Горан Мисовски го обвини претседателот на Собранието од претходниот пратенички состав, Трајко Вељаноски, дека штити злосторничко здружение врз кое е покренато обвинение од страна на државна институција.

-Ти Трајко за безпари се понижуваш да штитиш злосторничко здружение кое има покренато обвинение од официјална институција, имаме предлог од 20 пратеника, да го избереме Талаџ Џафери за претседател, во овој момент имаме 67 пратеници, ти немаш мнозинство и најдобро е да си станеш од фотељата некој друг да дојде на твое место, рече Мисовски.

Мисовски исто така го обвини спикерот Вељаноски дека два дена по ред го крши Деловникот на Собранието и му порача веднаш да го прекине овој циркус и да се избере нов претседател на Собранието.

– Цел ден вчера го кршите Деловникот, и денеска исто, не се случило никогаш до сега координатор да побара било каков предлог, а тој да не се стави на гласање. Престани со овој циркус, имаме предлог од 20 пратеници, да избереме претседател на Собрание. Нашиот пријател Талат Џафери е предложен за претседател. Талат Џафери ли ќе ја федерализира Македонија, па вие го гласавте за министер за одбрана, рече Мисовски и при тоа запраша кого штити спикерот Вељановски со ваквите постапки.

Претседавач со Собранието, Трајко Вељаноски, ги повика пратениците да се откажат од правото на збор за расправата да добие на динамика и поскоро да се премине на изборот на нов претседавач на Собранието, на што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бурно реагираа.

Пратеникот Ферид Мухиќ рече дека дебатите треба да се базираат врз почитување на факти и соговорник.

– Ако фактите се почитуваат ќе видите дека во бошњачките општини, СДСМ има многу повеќе гласови отколку ВМРО-ДПМНЕ, рече Мухиќ.

– Сите сме претставници на народот, невозможно е вие од ДПМНЕ да го сакате народот повеќе од сите други. Фактот што толку Албанци гласале за македонска партија значи зголемена свест. Јас апелирам дека час поскоро треба да се избере претседател на Собранието, кажа Мухиќ.

Илија Димовски во контра реплика рече дека недостасуваат факти, бидејќи обидот да се формира парламентарно мнозинство се базира на закон за јазици, а никој досега го нема видено тој предлог-закон.