Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Тројца прободени на првиот ден од трката со бикови

Видео: Тројца прободени на првиот ден од трката со бикови

Двајца Американци и еден Британец денеска се повредени на традиционалната трка на бикови во Памплона, Шпанија. Денеска започна првата трка и покрај протестите за правата на животните во текот на викендот кои повикуваа на ставање крај на традицијата.

Сите тројца се вон животна опасност. Уште осум лица поминаа со полесни повреди, како што се модринки и исеченици предизвикани од паѓање за време на трката. Во денешниот трка која траеше две минути и 23 секунди беа вклучени шест животни (кои се сметаат за многу бесни) од ранчот Jandilla од регионот Екстрамадура.

Традицијата датира од 1591, кога луѓето ја терале стоката да трча за да биде прва на местото на пазарот. Вкупно 15 луѓе починале од 1911 до денес, а последната жртва била во 2009 кога бик прободел Шпанец во срцето, вратот и белите дробови. Фестивалот ќе трае до 14 јули.