Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Страшно невреме во Атина однесе еден живот

Видео: Страшно невреме во Атина однесе еден живот

Страшно невреме ја погоди Атина. 40 годишен маж загина откако со автомобилот во кој бил со неговата мајка, се заглавиле во водите на една улица и удриле во паркиран камион. Според грчките медиуми, двајцата се обиделе да излезат од автомобилот.
atina4.jpg-500gfdf-18206На почетокот биле смирени, возачот успеал да го скрши прозорот на совозачкото место за да ја извади неговата мајка. 75 годишната жена ја повлекла водата и по 400 метри била спасена. Меѓутоа, нејзиниот син ја немал истата судбина. Водата, веројатно го повлекла кон камионот, се заглавил под тркалата и починал. Сепак, официјално не е соопштена причината за неговата смрт.
atina-2.jpg-500Од вчера во тек е потрагата по 40 годишна жена која исчезна во периодот додека траеше невремето. Со својот автомобил тргнала да ги земе децата од училиште, но не стигнала. Сопругот го пријавил исчезнувањето во полиција,постојат сомневања дека се заглавила на некоја од улиците кои што беа поплавени, а според грчките медиуми, противпожарната служба пронашла превртен автомобил, и постојат сомневања дека е на исчезнатата, а потрагата се уште трае.

Над 4000 повици примила противпожарната служба од заглавени возачи во своите автомобили, од граѓани со проблеми од дождот, но и за пријавување на паднати дрва. Невремето кое започна вчера, а продолжи и денес, урна трикатна зграда во Атина, остави и огромна материјална штета, а на удар беа и други делови од Грција.