Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВидео: Премрзнато и преплашено – алпинисти спасија заглавено куче на Попова Шапка

Видео: Премрзнато и преплашено – алпинисти спасија заглавено куче на Попова Шапка

Алпинисти спасија куче на Попова Шапка кое во саботата ги следело членовите на клубот АК8 до почетокот на карпата над снегот високо во кулоарот. Следниот ден, под врвот Антени се случувала вистинска спасувачка мисија.

Маја Мухиќ, Методи Чилиманов и Благоја Китановски тргнале да го повторат искачувањето и тренингот. Но, наместо тренинг и качување денот го поминаа во спасувачка акција за кучето од претходниот ден, кое неможејки да се врати по стрмниот кулоар, се блокирало и останало на карпата цели 24 часа.

Премзнато и исплашено не било лесно да се симне, давало отпор поради истрпениот стрес, но и видно ослабено од студот преку ноќта. Мето, Маја и Благоја само ни пренесоа дека веорјатно ја качиле најубавата насока досега, секако мислејќи на чинот на помагање на беспомошното куче. Среќни се дека кучето е добро – стои во описот на видеото.

Видеото е снимено од Маја Мухиќ и Методи Чилиманов.