Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Нов напад во Турција, 7 војници убиени во експлозија

Видео: Нов напад во Турција, 7 војници убиени во експлозија

Најмалку седум припадници на турските безбедносни сили загинаа а неколку други се повредени при нова експлозија на автомобил-бомба во Турција. Ова следи по вчерашниот бомбашки напад кој ја потресе Анкара. Експлозијата се случила на пат кон Дијабаркир, град кој е претежно населен со Курди. Како што јавуваат локалните медиуми, бомбата која била сокриена во автомобил била активирана со далечински управувач во момент кога воени автобуси чекале на црвено светло на семафор.