Saturday, May 4, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖуркиВидео: Настапите на Робин Шулц и Дејвид Гета кои ќе се паметат

Видео: Настапите на Робин Шулц и Дејвид Гета кои ќе се паметат

Вчерашното издание на фестивалот Skopje Calling дефинитивно ќе се памети во наредниот период бидејќи одамна не сме добиле толку спектакуларни настапи на една голема арена како стадионот „Филип Втори. Почнувајќи од одличното загревање со хит диџејот Робин Шулц кој доминираше на топ листите изминатите месеци публиката добро знаеше што може да очекува од фестивалот.

david geta2 (1)
Беспрекорна сцена која наликува на модерните светски фестивали како Ultra и Tommorowland, огнометите, лајт шоуто и забрзаните битови беа само најава за мега стар диџејот Дејвид Гета кој во последните години премина во поп доминација со бројни хитови.

Публиката енергично одговараше на сите повици на диџејите за тотално лудило. Кулуминацијата достигна со појавувањето на Дејвид Гета на сцената кој беше импресиониран од топлиот дочек на публиката, но и нејзиното знаење на стиховите на сите електро-денс поп нумери. Гета и не требаше многу да се помачи за да ги дигне сите на нозе.

Skopje Calling е фестивал кој барем за кратко ни даде чуство дека сме дел од модерниот свет и во тренд со денс сцената, па затоа секоја чест за организаторот Авалон, се гледаме налето во Охрид на уште една бесна журка со Продиџи.