Wednesday, May 1, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖурки(Видео) Публиката на Д фестивал ја отпеа „Милион Долари“

(Видео) Публиката на Д фестивал ја отпеа „Милион Долари“

Лошото време и дождот не ги запре посетители на Д фестивал.

И оваа година, Д Фестивал повторнo ги поставува своите шатори на дојранското крајбрежје и на своите посетители им понуди многу повеќе од само атрактивна музичка програма, овозможувајќи им воедно да уживаат и бидат дел од уникатната атмосфера, создавајќи едно несекојдневно искуство кое ги брише сите изговори за поделба и нетрпеливост.
Но, Д  Фест не е само фестивал, туку настан со силна порака и своевидно движење за позитивни општествени промени користејќи ги креативните индустрии и врвните глобални уметнички случувања, како начин за пренесување на универзалната порака за љубов и слобода.

Фестивалџиите и покрај лошите временски услови останаа до самиот крај на фестивалот, со пластични ќеси на главите тие ја продолжија забавата и ни покажаа колку е убаво да се забавуваш на дожд.

Д фестивал се одвиваше по програмата, но за жал на последниот фестивалски ден, поради временските услови, беа откажани неколку изведувачи. Публиката останаа да ја забавуваат Архангел и Егоритмија.

Од главната бина, која се наоѓаше на паркингот Граднит, ечеше музика и смеа. Фронтменот на легендарните Архангел- Ристо Вртев ја напушти сцената и изведбата на песната „Милион Долари“ ја препушти на публиката.

Погледнете како изгледаше крајот на фестивалот.

А за повеќе фотографии од останатите денови кликнете тука.