Thursday, Mar 28, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖуркиОвој петок се журкаме со Dj.Rubinstein во Епицентар

Овој петок се журкаме со Dj.Rubinstein во Епицентар

Овој петок, 11 август во Епицентар ќе гостува феноменот од DJ како што ја нарекуваат познавачите на techno сценaта, Marina Rubinstein или Dr. Rubinstein. За не повеќе од 5 години оваа девојка исклучиво со DJ-инг успева да си отвори простор во најзначаните берлински клубови, презентирајќи го својот магичен талент, спојувајќи повеќе жанрови на techno музика, врз кои редовно става acid плочи.

dr Rubinstein

Во време кога тешко се препознаваат вистинските DJ таленти, без да имаат претходна продукција на музика, Dr. Rubinstein е доказ дека талентот, изборот и умешноста во DJ кабината сѐ уште се препознаваат и се доволни за растот на еден DJ.

Секогаш кога Marina Rubinstein е качена во DJ кабината, каде ги ткае хипнотизирачките acid и techno звуци, таа со мислите е на подиумот. Сепак подиумот беше првото место каде оваа артистка која е родена во Русија, а порасната во Израел се вљубува во техното. Долго пред да почне да свири таа го добива прекрот Dr. Rubinstein – како самопрогласена рејверка во Тел Авив.

За време на тие забави таа открива дека танцувањето за неа е еден вид медитација за што вели: “Кога музиката е добра ти дозволува да се изгубиш во звуците, да го ослободиш умот и да танцуваш без да размислуваш на ништо. За мене тоа е најубавото чуство, чуство што ми носи апсолутна среќа.” Dr. Rubinstein е постојано во потрага по тоа, не само за неа туку и за оние кое доаѓаат на нејзините забави да ја слушаат нејзината музика. Желбата да го пренесе ова чувство, веселиот дух и љубовта кон „all things acid“ несомнено ја издвојуваат од останатите DJ-и.

Од нејзиното деби во Bergаin во 2012 речиси и да нема слободен викенд, а оваа година за прв пат настапи на Sonar Festival, каде го делеше пултот со resident-от на Bergаin, светскиот techno superstar Marcel Dettmann.

Епицентар е горд што иднината на електронската музика кај нас допира директно од DJ кабината, со вакво ексклузивно гостување.