Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Напнат Бадник во Ѓаковица – Албанците протестираа пред црквата Успение на Пресвета Богородица

Видео: Напнат Бадник во Ѓаковица – Албанците протестираа пред црквата Успение на Пресвета Богородица

Тензично пред црквата Успение на Пресвета Богородица. Група раселени Срби собрани да го одбележат големиот христијански празник беа пресретнати од група Албанци кои протестираа против нивното доаѓање. Како што пишуваат српските медиуми, демонстрантите бурно реагирале и фрлале камења и јајца на влезот на црквата. Косовските сили биле распоредени долж улицата и спречиле конакт помеѓу двете групи.

Албанските демонстранти ги извикувале паролите „Не ја даваме Ѓаковица“, „Ѓаковица е наша„ и „Овде нема место за Срби“. Најголем дел од демонстрантите биле дел од албанското движење „Самоопрделување“. По половина час верницте ја напуштиле црквата, а демонстрантите си отишле.

Србите се протерани од Ѓаковица во 1999 година. До тогаш, во овој град имало 12.000 Срби, а денеска се останати само четири српски монахињи.

Претседателот на здружението на раселените Срби, Ѓокица Станојевиќ, порано денеска за Танјуг изјави дека реакцијата на Албанците ќе покаже дали „Ѓаковица и понатаму е град забранет за Срби“. Исто така истакна дека христијаните сакаат да го одбележат празникот во својот роден град без намера било кого да провоцираат.