Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Експлодираше пакет на железничка во Париз, илјадници евакуирани…

Видео: Експлодираше пакет на железничка во Париз, илјадници евакуирани…

На станицата Гард де Норд во Париз експлодираше сомнителен пакет, по што настана невидена паника. Полицијата добила пријава за сомнителниот пакет и веднаш реагирала, ја извадила бомбата и извршила контролирана детонација. Се стравува дека се работи за терористички напад.

Маса од илјадници луѓе беа евакуирани, а од видеото кое се појави на интернет се слуша експлозијата. Видлив е стравот помеѓу луѓето кои во последниве месеци немаат мир. Станува збор за една од најголемите станици во француската метропола, а во текот на овој месец ова е втор инцидент од ваков карактер кој се случува на истото место.

Министерството за внатрешни работи на Франција соопшти дека вечерва се уапсени три жени кои планирале напади, меѓу кои и овој на железничката станица. Како што се наведува во полициското соопштение, нападот наводно е планиран како освета поради смртта на еден од водачите на Исламска држава, Абу Мухамед ал-Аднани.