Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВидео: БЕСА во акција – Специјален суд за специјални криминалци

Видео: БЕСА во акција – Специјален суд за специјални криминалци

Младите од движењето БЕСА денеска организираа герила акција во која бараат Специјалното обвинителство да го истражи случајот „Mаџар Телеком”, но и други случаи кои ги поврзуваат функционерите на ДУИ со криминал.

„Да има правда за сите случаи, особено сега кога има јавни факти дека политичката класа на ДУИ е длабоко потоната во криминал, корупција и мито. Подемот на истражните процедури од Специјалниот Обвинител за одредени поранешни високи државни функционери е една од долгооочекуваните вести, една светлина во темниот тунел во кој не воведе оваа политичка класа. Важен момент на истрагата од Специјалниот Обвинител е и случајот „Mаџар Телеком”, каде што се вклучени и Али Ахмети и Муса Џафери, кои се осомничени дека примиле мито во вредност од неколку милиони евра“ – велат од БЕСА.