Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Балканот зафатен од пожари – гори во Хрватска, БиХ и Грција

Видео: Балканот зафатен од пожари – гори во Хрватска, БиХ и Грција

Пожари го зафатија целиот Балкан. Гори во Хрватска, Босна, Грција. Во Трстеник речиси сите куќи беа евакуирани – пренесува хрватскиот портал „Index.hr“. Огнот беснее и се протега во должина од повеќе од два километри, а во областа се сите достапни противпожарни служби на располагање.

Тешка е состојба и во областа на Смоквица на Корчула каде што огнот избувнал за време на викендот, а е локализиран само на североисточната страна, вчера повторно беше надвор од контрола благодарение на пожарникарите. На повеќето места е критично а најкритично е во делот од градот Брно, каде што огнот проголта повеќе од 500 хектари густа борова шума. Борова шума вчера попладне горела и во близина на Примоштена, но по два часа борба, само што пристигнала во близина на куќите, пожарникарите успеале огнот да го стават под контрола. Покрај пожарникарите за гаснење на пожарот морало да се интервенира и со Канделабри.

И понатаму гори и во Босна и Херцеговина. На подрачјето на Херцеговина во последните 24 часа се забележани вкупно 18 пожари, во четири подрачја на Мостар, осум подрачја во Чапланије и шест во Читулука, соопшти денеска оперативниот центар за цивилна заштита „ХНК“ Љубушки пожарникари вчера биле испратени за помош на Чапљина, бидејки пожарот во Студенци почнал да им се заканува на локалните жители и куќи. Пожарот до утрото во Љубушко не бил изгаснат, но е под контрола и надзор, додека другите пожари се изгаснати. Во пожарите претежно горела трева, ниско стеблести растенија и отпад, се наведува во соопштението.

Голем пожар денеска избувна во близина на Стамата, во источниот дел на Атика, јави дописникот на МИА од Атина. Во гаснењето на огнената стихија учествуваат 55 пожарникари со 19 противпожарни возила, два хеликоптери и двата канадери. Во областа дува силен ветар, што го отежнува гаснењето.