Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаФицо: Балканот повторно гори, потребна му е европска перспектива

Фицо: Балканот повторно гори, потребна му е европска перспектива

Важно е на некои држави од Балканот да им се понуди европска перспектива, изјави во Њујорк словачкиот премиер, Роберт Фицо по разговорите со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

– Балканот повторно гори, неопходна е европска перспектива. Во спротивно нервозата во регионот ќе продолжи да расте – рече Фицо.

Тој со Гутереш разговарал и за словачкиот проект чија цел е да го ограничи приливот на мигранти, а е изработен во соработка со други земји.

– Мораме да продолжиме со проекти и вон ЕУ и да ги поместиме прашањата за миграција во овие трети земји. Словачка е подготвена да поддржи и одговорни проекти внатре во ОН – рече Фицо

Тој истакна дека е важно ОН да бидат силни, особено затоа што ЕУ не е доволно силна повеќе да се ангажира по некои прашања.

– ЕУ во суштина не е присутна во Украина, a немаме ниту влијание и во Сирија – рече Фицо, истакнувајќи ја важноста на силни меѓународни организации во слични конфликти, како што е ОН.