Saturday, Apr 27, 2024
HomeАНТИСТРЕСХуманостВелосипедистите во служба на здравиот живот

Велосипедистите во служба на здравиот живот

Во недела, 28-ми јуни, во 18 часот, на Кеј кај Александар Палас ќе се случува вистински празник за вљубениците во велосипедизмот.

bikes

На овој настан, под мотото ,,Здравје во твои раце” ќе се дружат велосипедисти, рекреативци и сите оние кои имаат желба за спортување и здрав начин на живот. Возење велосипеди, обука за правилно управување на велосипедот за најмалите но и за оние кои имаат желба да научат, се само дел од планираните активности.

,,На Точак”, здружението ,,Единствена Македонија” и ,,Здравје Радово” се главните виновници и поборници за оваа иницијатива за здрави велосипедисти да успее и да премине во традиција која ќе им покаже на најмладите дека возењето велосипед и консумацијата на јогурт се здрави навики кои значат многу уште од најрана возраст. На самиот настан ќе се случува и акцијата “Велодарност”, во која ќе бидат донирани велосипеди за најмалите од социјално загрозени семејства.